Објавено на:

Трамп: Судијата ќе биде одговорен ако се случи напад врз Вашингтон

t

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше федералниот судија Ричард Леон поради судскиот спор поврзан со изградбата на „DronePort“ – специјален објект за дронови во близина на Белата куќа.

Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп оцени дека проектот ќе биде еден од најсофистицираните вакви системи во светот и дека ќе има клучна улога во долгорочната заштита на Вашингтон.

„DronePort кај салата за свечености на Белата куќа можеби ќе биде најсофистицираниот во светот. Тој ќе го штити главниот град на нашата држава во иднина. Судијата Ричард Леон треба да престане да си игра со американската безбедност“, напиша Трамп.

Тој отиде чекор понатаму, предупредувајќи дека доколку се случи некаков безбедносен инцидент, судијата ќе сноси одговорност.

„Ако се случи нешто, тој ќе биде одговорен за смртта и уништувањето нанесени на нашата земја“, порача американскиот претседател.

Во објавата Трамп ја нападна и жената која ја поднела тужбата против проектот, нарекувајќи ја „сериски тужител“. Според него, таа се противи на изградбата затоа што објектот ќе ѝ го попречува секојдневното пешачење.

Трамп истакна дека современите безбедносни закани бараат нови технологии за одбрана и дека Вашингтон повеќе не може да се потпира само на традиционалното вооружување.

На крајот, тој побара тужбата веднаш да биде отфрлена, оценувајќи ја како неоснована и штетна за националната безбедност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Судијата ќе биде одговорен ако се…

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше…

Едно лице загина, девет се водат како…

Голем хемиски резервоар, со околу еден милион…

(Видео) Ужасна експлозија во фабрика во Вашингтон:…

Експлозијата на опасни супстанции во фабрика за…

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…

Укинат засилениот надзор за осомничениот за нападот…

Кол Томас Ален, осомничен за пукањето за…