Укинат засилениот надзор за осомничениот за нападот на вечерата на новинарите во Вашингтон
Кол Томас Ален, осомничен за пукањето за време на свечената вечера на Здружението на дописници на Белата куќа, повеќе не се наоѓа под засилен надзор поради ризик од самоубиство во затворот во Вашингтон. Одлуката следува по барање на неговите адвокати, кои оценија дека ваквата мерка ги нарушува неговите права на правично судење.
Одбраната во меѓувреме поднела и барање за откажување на рочиштето закажано за денеска (понеделник), на кое требало да се разгледува укинувањето на надзорот. Сепак, судијата Зија Фаруки го одби ова барање. Како што пренесува Си-Би-Ес, судијката истакнала дека е „сериозно загрижена“ поради условите во кои се наоѓа осомничениот, особено поради неговото сместување во самица, и побарала дополнителни информации од надлежните институции.
Според претходни информации на Си-Би-Ес, повикувајќи се на полициски извори, Ален бил задржан во рестриктивна ќелија во рамки на медицинска изолација, под постојан, деноноќен надзор. Ваквата постапка е дел од стандардниот протокол, кој се применува во првите 72 часа додека се врши проценка на психичката состојба на притвореникот.
Во своето барање, адвокатите навеле дека на нивниот клиент му било оневозможено да комуницира со блиските, да ги задржи личните предмети, како и да ги прегледува материјалите поврзани со предметот. Дополнително, тие тврдат дека Ален бил спроведуван до туш-кабината и претресуван „до гола кожа“ при секое влегување и излегување од ќелијата.
Ален се товари за обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, за време на годишната гала-вечера на новинарите, одржана во саботата, на 25 април. Покрај тоа, против него се поднесени и две обвиненија за нелегално поседување огнено оружје. Тој засега не се изјаснил за вината, а прелиминарното рочиште е закажано за 11 мај.
Инцидентот се случи во хотелот „Хилтон“ во Вашингтон, каде што за време на настанот вооружен маж, идентификуван како Кол Томас Ален (31), испукал повеќе куршуми. По пукањето, сите присутни, меѓу кои и претседателот Трамп, биле евакуирани.
Според извор запознаен со истрагата, биле испукани вкупно шест куршуми – еден од страна на Ален и пет од припадник на Тајната служба, кој притоа бил погоден во заштитниот елек. Два извора наведуваат дека куршумот најверојатно бил запрен од мобилен телефон што агентот го носел во џебот. Надлежните федерални власти ги отфрлија тврдењата дека станува збор за т.н. „пријателски оган“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…