Објавено на:

Трамп ќе ја тужи „Би-Би-Си“ , сака пет милијарди долари оштета

t

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно следната недела ќе ја тужи „Би-Би-Си“ за дури 5 милијарди долари, откако британскиот радиодифузер призна дека погрешно монтирал видео од неговиот говор, но инсистираше дека нема правна основа за неговото барање. Британската радиодифузна корпорација е во најголемата криза во последните децении откако двајца високи директори поднесоа оставки по обвинувањата за пристрасност, меѓу кои и поради монтирањето на говорот на Трамп на 6 јануари 2021 година, кога неговите поддржувачи го нападнаа Капитол во Вашингтон.

Адвокатите на Трамп првично поставија рок до вчера за „Би-Би-Си“ да го повлече својот документарец или да се соочи со тужба за „не помалку од“ 1 милијарда долари. Тие исто така побараа извинување и надомест за она што го нарекоа „огромна штета врз репутацијата и финансиската штета“, според писмото во кое увид има Ројтерс.

„Би-Би-Си“, која призна дека монтирањето на забелешките на Трамп било „грешка во проценката“, на 13 ноември испрати лично извинување до Трамп, но рече дека нема повторно да го емитува документарецот и го отфрли тврдењето за клевета.

„Ќе ги тужиме за некаде помеѓу 1 милијарда и 5 милијарди долари, веројатно некаде следната недела. Мислам дека морам да го направам тоа, мислам дека дури и признаа дека измамиле. Ги сменија зборовите што излегуваа од мојата уста“, изјави Трамп.

Трамп рече дека за ова прашање не разговарал со британскиот премиер Кир Стармер, со кого има изградено цврст однос, но оти планира да му се јави викендов. Тој рече дека Стармер се обидел да го контактира и дека бил „многу засрамен“ од инцидентот.

Документарецот, кој се емитуваше во „Панорама“, водечката програма за вести на „Би-Би-Си“, спои три видео извадоци од говорот на Трамп, создавајќи впечаток дека тој ги поттикнува немирите од 6 јануари 2021 година. Неговите адвокати рекоа дека ова е „лажно и клеветничко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ќе ја тужи „Би-Би-Си“ , сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно…

Трамп се закани со тужба кон Би-би-си

Доналд Трамп испрати писмо до Би-би-си со…

Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…

Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…