Зеленски ќе се сретне со Трамп за време на Генералното собрание на ОН
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека ќе се сретне со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за време на Генералното собрание на ОН, кое ќе се одржи во Њујорк од 21 до 24 септември.
Во својата изјава за време на средбата со новинарите, Зеленски прецизираше дека за време на престојот во Њујорк ќе има серија билатерални разговори, вклучувајќи ја и планираната средба со претседателот на САД, објави „Украинска правда“.
Претседателот на Украина, исто така, ја спомена можноста за посебна средба меѓу првите дами на Украина и САД, Олена Зеленска и Меланија Трамп , која ќе биде посветена на хуманитарни прашања, особено теми поврзани со децата.
– Бизнис, технологија, одбрана, „бизнис со минерали“. Ова ќе биде комбинирано со голем економски состанок. И состанок со претседателот на Соединетите Американски Држави. Исто така, најверојатно, средба на првите дами на Украина и Америка за хуманитарни прашања, за деца – рече Зеленски.
Тој исто така истакна дека Трамп очекува посилни чекори од Европа во врска со санкциите против Русија.
– Секако, ние ја поддржуваме цела Европа да воведе санкции и да ја заостри царинската политика против земјите што купуваат енергетски ресурси од Русија. Но, поврзувањето на сето ова значи забавување на притисокот врз (рускиот претседател Владимир) Путин. Подготвени сме да се сретнеме со Путин. Разговарав за тоа. И билатерално и трилатерално. Тој не е подготвен – рече Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гутереш повика на укинување на сите санкции…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Војната во Украина се заканува да излезе…
Обединетите нации синоќа предупредија на опасната ескалација…
Кина бара договорот меѓу САД и Иран…
Американските и другите меѓународни претставници изразија претпазлив…
Украина бара итна седница на Советот за…
Украина повика на итна седница на Советот…
Трамп се закани на Палестинците дека ќе…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се…