Трансферот на Панчев од Звезда во Интер – десетти најскап во историјата на фудбалот
Интернет страницата Totally money успеа да направи алгоритам кој е способен да ги пресмета износите на трансферите во историјата на фудбалот во денешни суми.
Предвид се земени инфлацијата и некои други економски фактори, а интересно е тоа што вака излегува дека Нејмар не е најскап фудбалер на сите времиња. Тој епитет му припаѓа на поранешниот италијански фудбалер Џанлука Вијали чиј трансфер од Сампдорија во Јувентус во 1992 година, во денешни пари би изнесувал 232 милиона евра.

На делба на десеттото место на вечната листа на трансфери се наоѓа македонската фудбалска легенда Дарко Панчев со својот премин од Црвена Звезда во Интер, исто така во 1992 година. Тој тогаш ѝ донесе на Звезда огромна сума пари која ако би се рпетворила во денешниот износ би била речиси 169 милиони евра. Иста вредност имаат и трансферите на Жан-Пјер Папен од Марсеј во Милан и на Игор Шалимов од Фоџа во Интер, реализирани истата година.
Според ова, излегува дека Панчев е втор најскап фудбалер од просторите на поранешна Југославија бидејќи пред него е само Ален Бокшиќ со трансферот од Марсеј во Лацио, во 1993 година кој би изнесувал 170 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто странски фирми заминуваат од Србија: Во…
Странските компании како „Дрексел мајер“ и „Астер…
НОВ УДАР ВРЗ УКРАИНСКАТА ЕНЕРГЕТИКА: Над 600.000…
Повеќе од 600.000 луѓе останале без електрична…
САЈБЕРНАПАДИТЕ СТИГНАА ДО Г7: Тајани бара заеднички…
Министрите за надворешни работи на Г7 ќе…
Македонската атлетичарка Митевска осма во финалето на…
Младата македонска атлетичарка Ева Митевска го освои…
Кој е Јово Бакиќ, претендентот за нов…
ово Бакиќ, професор по социологија и долгогодишен…