Трајанов бара измени во Изборниот законик: Бројот на пратеници да се намали на 90
Постоечкиот закон треба да се промени бидејќи фаворизира четири партии. Скоро никаде во светот нема само четири партии директно да имаат можност за медиумска презентација и таа да биде осум минути, а само една минута да биде одвоена за сите други помали партии и независни листи, вели лидерот на Демократски сојуз (ДС) и пратеник, Павле Трајанов во дебатната емисија организарана од Тв Телма, на која граѓаните можат да поставуваат прашања за идејата за една изборна единица.
Трајанов обелодени дека ставот на ДС е да се намали бројот на пратеници од 120 на 90, но и да се намали бројот на министерства и да имаме околу 12 министерства.
-Ние имаме дуплирање на исти институции, кои треба да ја вршат истата функција. Системот со шест изборни единици ги фаворизира од 2002 година само поголемите партии, додаде Трајанов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарскиот кредит и Декларацијата за признавање на…
Собранието денеска ќе одржи три последователни седници.…
(Документ) Пратениците на Мицкоски гласале за зголемување…
Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласале за покачување на…
(Видео) Пратеник во српското Собрание го гаѓаше…
Пратеник од српското собрание го гаѓаше министерот…
Ексклузивно – 3акани по жив0т кон пратениците…
Непознати лица преку меил им се заканувале…
Пратениците од Левица остварија средба со кинескиот…
По повод 97 години од формирањето на…