Тренчевска: Јас бев 20 години во чекалната, ќе направам сѐ нашите млади час поскоро да влезат во ЕУ

t

Тренчевска вечерва емотивна пред граѓаните во Струмица ги истакна пропуштените 20 години од нејзината генерација во чекалната на Европската Унија. Таа истакна дека тоа и ја дава должноста како министерка заедно со Владата на Република Македонија да бидат предводници на младите на патот кон Европската Унија.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вечерва на трибината „Ние сме Европа“ зборуваше за мерките и проектите на Владата кои ќе ги задржат младите во државата.

„Ние сме единствена земја надвор од Европската Унија која од 2018 година ја спроведува Гаранција за млади и не само што ја спроведуваме туку дава и одлични резултати. За имплементацијата на оваа програма добиваме позитивни оценки и од Европската комисија, а доказ за тоа се над 80 000 млади вклучени во оваа мерка од 2018 до денес од кои 45% добиле вработување“ истакна Тренчевска.

Таа зборуваше и за мерките од Оперативниот план за активни мерки и програми и ја истакна најатрактивната мерка за самовработување како и мерката практикантство како мерки кои ќе дадат повеќе можности на младите при активирање на пазарот на трудот.

Зборувајќи за младите и можностите таа истакна дека патот кон ЕУ е задолжителен, затоа што верува во млади кои се гледаат во Македонија, млади кои ќе имаат поголеми плати, еднакви можности и исти перспективи како младите во Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Секој петти автомобил во ЕУ ќе функционира…

Српскиот литиум, привлекува големо внимание во последните…

Унгарија ја тужи ЕУ

Унгарија ја тужи Европската Унија, со цел…

Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…

Европскиот извоз во трети земји во мај…