Објавено на:

Три лица избодени со нож на концерт на Дара Бубамара во Белград

t

Три лица се избодени со нож за време на новогодишниот концерт на српската фолк пејачка Дара Бубамара во хотелот „Мајдан“ во Белград.

Според Нова.рс, нападот се случил во тоалетот на хотелот. Набргу по нападот концертот бил прекинат, а во хотелот пристигнале голем број полицајци, како и брза помош. Едно лице е тешко повредено, но детали за тежината на здобиените повреди не се познати.

Нападот наводно се случил после три часот по полноќ. Тие наведуваат и дека непознато лице со остар предмет им нанело повреди на главата и телото на М.М.(44), А.Р.(40) и Ф.А.(27), а потоа со Ауди А8 побегнал во непознат правец.

По напаѓачот и возилото се уште се трага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија забележа раст на бројот на странски…

Директорката на Туристичката организација на Србија, Марија…

„И вие да научите нешто“: Белградските студенти…

Студентите од белградските факултети се собраа пред…

Пукање во центарот на Белград, рането едно…

Во Беград на булеварот „Краљ Александар“ изутринава…

Во Словенија веќе има 150.000 странски работници,…

Во Словенија и покрај заладувањето на економијата…

Српската БИА повикала студент на „пријателски разговор“…

Ахмед Делимеѓац, адвокатот на студентот Лазар Стојаковиќ…