Три лица починаа, 151 нов случај на КОВИД-19

t

Во последните 3 дена (од 27.05 до 29.05.2022), направени се 2.335 тестови, а регистрирани се 151 нов случај на КОВИД-19. Три лица ја изгубија битката со болеста.

Од вкупниот број на позитивни (151), регистрирани се 29 реинфекции.

Регистрирани сe 194 оздравени пациенти од: Скопје – 134, Битола – 10, Охрид и Ресен – по 7, Штип – 6, Куманово, Тетово и Берово – по 4, Кавадарци, Велес, Кичево и Свети Николе – по 3, Прилеп и Струга – по 2, Струмица и Дебар – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (од 27.05 до 29.05.2022) пријавено е едно починато лице од Прилеп (97г) починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје (72г) и Битола (85г), едно лице е починато во болнички услови ,а другото лице во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 03.05.2022- 19.05.2022 година.

Направени се 2.335 тестови преку: ИЈЗ-285, ЦЈЗ Скопје-60, ЦЈЗ Битола-48, ЦЈЗ Прилеп-12, ЦЈЗ Тетово-16, ЦЈЗ Куманово-36, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–80, Жан Митрев (Филип Втори)-48, Авицена-37, Биотек-98, Систина-62, лабораторија Лаор-45, Синлаб-11, Ремедика-7, Плодност-29, Генеа-28, Никоб Лаб-188, ВФВ Медикал-25, Ели МедикаПлус-15, Ројал Медика–7, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–11, ЖанМитрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.153.

Досега во земјата се направени вкупно 2.053.343 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.851, бројот на оздравени пациенти е 302.013, на починати е 9.303, а бројот на активни случаи изнесува 535.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…