Три млади девојки подметнале 18 пожари „од досада“ во Виена

t

Виенската полиција откри серија пожари што предизвикаа страв кај локалните жители во неколку градски општини, а зад нив стојат три девојки, кои доброволно се предадоа и ги признаа злосторствата, наведувајќи дека подметнале 18 пожари „од досада“ во текот на ноември.

Две 18-годишни девојки и едно 17-годишно девојче се осомничени за подметнување пожари во виенските општини.

Две од нив беа уапсени во Херналс, додека третата доброволно се јави во полиција истиот ден. Сите три се изјаснија за виновни во истрагата, а полицијата вели дека мотивот за подметнување 18 пожари во текот на ноември бил „досада“, објавува РТС.

„Форензичката работа разјасни 18 случаи на подметнување пожар со штета во шестцифрена сума“, изјави портпаролката на полицијата, Јулија Шик.

Девојките се приведени додека истрагата продолжува и, според полицијата, тие најчесто предизвикале помали пожари, како што е подметнување пожар во контејнери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три млади девојки подметнале 18 пожари „од…

Виенската полиција откри серија пожари што предизвикаа…

СДСМ: (Докази) Го следиме трагот на парите:…

Скандалот со семејната фирма на Томовски која…

Лишени од слобода возачи од Кичево и…

На 08.12.2025 во 00:30 часот, на магистралниот…

Филипче: Наследството на Св. Климент Охридски нè…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко…

Вода протече низ таванот на Лувр, оштетени…

Во познатиот музеј Лувр во Париз, се…