ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ: Руски напад врз градот Константиновка во источна Украина
Три лица загинаа, а уште најмалку две се повредени откако руските сили нападнаа станбена област во градот Константиновка во источна Украина, објави на Телеграм гувернерот на регионот Доњецк, Павло Кириленко.
Кириленко наведе дека се оштетени четири станбени згради и еден хотел. „Спасувачките екипи и полициските службеници се на местото на настанот за внимателно документирање на уште едно злосторство на руските окупатори“, додаде тој.
Претходно денеска Кириленко објави дека четири лица загинале, а најмалку седум се ранети од руското гранатирање во последните 24 часа.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ситуацијата на фронтот и понатаму е „исклучително тешка“, особено во источниот регион Доњецк, каде Русија ја засилува својата офанзива како дел од нејзината целосна инвазија која започна во февруари минатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…