Тројца пензионери пукале во Делчево, полицијата им ги одзела воздушните пушки и муницијата
Тројца пензионери ќе заработат пријави откако биле пријавени дека пукале кон дрвена мета на кејот на реката Брегалница.
„На 08.05.2026 во 10:25 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на кеј на река Брегалница во Делчево, Н.А.(76), Ф.С.(80) и Б.П.(80), сите од Делчево, пукале во дрвена мета со две воздушни пушки со калибар 4,5 мм, сопственост на Здружението на пензионери од Делчево, каде тие биле членови. Според пријавеното и извршениот службен разговор со пријавените, тие во изминатиот период се спремале за пензионерски спортски натпревар кој треба да се одржи кон крајот на месец мај во Кочани“, соопшти МВР.
Метата, воздушните пушки и муницијата (дијаболи) се одземени и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца пензионери пукале во Делчево, полицијата им…
Тројца пензионери ќе заработат пријави откако биле…
Дал 50 илјади денари за уредување на…
Велешанец пријавил 31 годишен скопјанец дека откако…
Средношколец од Прилеп се лажел дека е…
ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во…
Одзел туѓ паричник и си трошел пари…
Полицијата поднесе кривична пријава против 50 годишник…
Тошковски од Куманово: Хероите од „Диво Насеље“…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…