Тошковски од Куманово: Хероите од „Диво Насеље“ вечно ќе живеат во колективната меморија на македонските граѓани
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Куманово присуствуваше на одбележувањето на 11-годишнината од трагичните настани во кумановско „Диво Насеље“, во чест на осумтемина припадници на македонската полиција кои ги загубија своите животи во терористичката акција во 2015 година.
Министерот Тошковски положи свежо цвеќе на спомен-обележјето во кругот на СВР Куманово, посветено на загинатите полициски службеници – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимоски и Горан Стојменовиќ.
Во рамки на одбележувањето, министерот присуствуваше и на меморијалниот турнир во мал фудбал „Хероите живеат вечно“, организиран во чест на нивната жртва, храброст и љубов кон татковината.
„Тие беа храбри припадници на македонската полиција кои во најтешките моменти застанаа во одбрана на државата, безбедноста и мирот на граѓаните. Нивната жртва останува врежана во колективната меморија на македонските граѓани како симбол на чест, достоинство и непоколеблива храброст.
Нашата обврска е никогаш да не ги заборавиме и достоинствено да го чуваме споменот за нив. Македонија вечно ќе им биде благодарна.“, истакна министерот Тошковски.
Министерството за внатрешни работи и понатаму ќе продолжи достоинствено да го негува споменот на загинатите бранители и полициски службеници кои своите животи ги положија во служба на татковината и безбедноста на граѓаните.
Нека им е вечна слава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР најави зголемена употреба на дронови за…
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…
МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…
Од МВР информираат дека е поднесена кривична…
МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…
Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…
Голема полициска акција: Претреси на над 40…
Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…
Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…
Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…