Објавено на:

Тројца уапсени за потонувањето на сплавот „Фристајлер“ на новогодишната ноќ во Белград

t

Сопственикот, директорот и управителот на сплавот „Фристајлер“ се уапсени поради инцидентот што се случи на новогодишната ноќ кога тој предмет потона во реката, јавува српски Блиц.

Тројката е осомничена дека на 31 декември 2022 година дозволила поголем број луѓе на сплавот од капацитетот на тој објект, кој делумно потонал поради тоа и ја загрозил безбедноста на голем број луѓе.

Сите гости биле брзо евакуирани од сплавот, а неколку луѓе биле полесно повредени. Многу гости останаа без своите работи, а она што беше спасено во понеделникот беше изложено пред сплавот за луѓето да го соберат.

По несреќата се огласи и МВР на Србија. Началникот на смената во Центарот за команда и операции на Министерството за внатрешни работи на Србија, полицискиот полковник Игор Васиќ изјави дека за време на новогодишната ноќ полицијата спречила посериозни последици од делумното потонување на сплавот „Фристајлер“ на брегот Сава, во Нов Белград.

– Водата почна да навлегува во сплавот „Фристајлер“ петнаесетина минути по полноќ, а со брза интервенција на припадниците на Секторот за вонредни ситуации од Нови Белград и Единицата за безбедност на реките, избегнати се поголеми последици. Освен материјална штета, нема жртви, а во текот на денот ќе имаме повеќе детали кога ќе заврши истрагата – изјави Васиќ за Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вајц ја повика Кос да вложи дипломатски…

Известувачот за Македонија Томас Вајц, пред Комитетот…

Хакери нападнаа француски центри за крв: ја…

Француските центри за крводарување и трансфузија биле…

Седумдневна забрана за „Информер“: Српскиот медиумски регулатор…

Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми…

Менувале оцени за пари – Поведена постапка…

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против…

Сиљановска Давкова на средба со командантот на…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во седиштето на Врховната…