Тупанчевски не знае каде Русковска треба да пријави притисок, но си замислува колку и било тешко на обвинителката

t

-Има начин на којшто може да се реагира и треба да се реагира институционално. Ако се врши притисок се знае до кого треба да биде тоа алармирано или до кого да биде поднесена информација – зошто притисок, кој врши притисок, колкав е тој притисок, затоа што одредени форми на притисок претставуваат сегмент од злоупотреба на функцијата, рече Тупанчевски во вторникот, коментирајќи ја ситуацијата со суспензијата на шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

– Видов дека министерот ме повика да пријавам притисоци, го побарав за да прашам каде да пријавам, но до денес немам одговор на кој начин и кај кого треба да ги пријавам притисоците врз мене поради истрагите кои ги водам, вели Русковска во изјава за Инфомакс.

Русковска на советот на јавни обвинители пред неколку дена им испорача жалба на суспензијата, која експресно беше одбиена.

-Не се суспендира Вилма Русковска туку прравото и правдата во државата“. Сепак првата обвинителка во борбата против корупцијата не сака да верува дека политиката или политичрите и вршат прогон, кажа Русковска .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тупанчевски не знае каде Русковска треба да…

-Има начин на којшто може да се…

Тупанчевски нов министер за правда, Шекеринска заминува…

Две актуелни пратенички и една поранешна ќе…