Тупанчески, Жерновски и Насев нови амбасадори во Белград, Букурешт и Пекинг

t

Пред Комисијата за надворешна политика седум кандидати за нови абасадори во вторник ќе ги претстават платформи за дипломатските активности со што ќе се финализира постапката пред нивното заминување во амбасадите.

Пред пратениците ќе ги бранат тезите поранешниот министер за правда Никола Тупанчески кој треба да го пополни амбасадорското столче во Белград, Србија. Нов амбасадор во Израел ќе биде Шпенд Садики од МНР, а во Полска заминува Јасмин Ќахил исто така од МНР.

Писателот и драматург Сашко Насев ќе биде новиот амбасадор во Кина, а поранешниот заменик министер за надворешни работи Андреј Жерновски заминува за Букурешт.

Нов амбасадор во Берлин ќе биде Илбер Села актуелен директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните, додека во Бразил ќе замине Игор Попов од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Номинирани амбасадори за Атина,Будимпешта,Сараево,Осло и Каиро

Поранешен директор на ЈП „Градски паркинг“, поранешна…

МНРиНТ: Тврдењата за постоење таен договор или…

Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден…

Муцунски: Две години активна дипломатија, посилни партнерства…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Димитровски: И да го смениме Уставот поради…

Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, во…

Србија, Бугарија и уште неколку држави од…

Американскиот претседател Доналд Трамп номинираше неколку кандидати…