Тупанчески ќе го почитува решението на Управниот суд со кое се поништува забраната за употреба на терминот “Македонија”
Министерот за правда Никола Тупанчески вели дека се’ уште не ја видел одлуката на Управниот суд, со која се поништува решението на Министерството за правда потпишано од претходниот министер Бојан Маричиќ, со кое не му дозволи на здружението Млади за Македонија да се регистрира под име кое го содржи терминот Македонија.
Иако не го видел решението, министерот Тупанчески вели дека ќе го почитува решението.
-Одлуките на судовите кои се донесени се одлуки кои задолжително се почитуваат. Непочитувањето судска одлука значи елементи на некое друго кривично дело. Ќе ја погледнеме каква е одлуката на Уставниот суд. Јас уште не сум ја добил и видел. Меѓутоа дефинитивно она што треба да се знае е дека одлуките на судовите треба да се применуваат, изјави Тупанчевски во одговор на новинарско прашање пред промоцијата на ,,Националната стратегија за превенција и правда за децата (2022-2026) и Акциски план (2022-2023).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чудо по земјотресот во Колумбија: Спасена жена…
Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која…
ЕУ од утре со нови правила за…
Во Европската унија од утре се менуваат…
Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…
Уредувањето и користењето на охридските плажи на…
Судење во Салцбург: Македонец и Босанец обвинети…
Пред судот во Салцбург започна судскиот процес…
Американка две години лажела дека е болна…
Жена од Флорида, САД, лажирала дијагноза за…