Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја посети Јужна Кореја од 1 до 4 ноември
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја посети Јужна Кореја во периодот од 1 до 4 ноември, на покана на јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за комуникации при турското претседателство, Бурханетин Дуран, цитиран од Анадолската агенција.
„За време на официјалните разговори, закажани за вторник, 3 ноември, ќе бидат разгледани сите аспекти на стратешкото партнерство меѓу двете земји и ќе бидат разменети мислења за актуелните регионални и глобални прашања“, напиша Дуран на турската социјална мрежа „Ен Социјал“.
„За време на посетата ќе бидат потпишани и различни документи насочени кон зајакнување на правната рамка на билатералните односи“, додаде Дуран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја…
Министрите за одбрана на Бугарија, Романија и…
Трилатерална средба на министрите за одбрана и…
(Видео) Торнадо во Анталија усмрти четворица градежни…
Најмалку четворица градежни работници загинаа, а петтиот…
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…