Турски пратеник почина по срцев удар во Парламентот

t

Турски опозициски пратеник почина денеска, два дена откако доживеа срцев удар во Парламентот додека ја критикуваше политиката на владата кон Израел, завршувајќи со зборовите: „Ја имате крвта на Палестинците на вашите раце“.

Хасан Битмез (54), пратеник од опозициската партија Саадет, почина во болница во Анкара, изјави министерот за здравство Фахретин Коџа во телевизиско обраќање.

На снимката од турскиот Парламент се гледа како Битмез (54) паѓа на подот по говорот во кој ја критикуваше владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган за трговијата на Турција со Израел и покрај војната во Газа и острите критики на турската Влада поради израелските бомбардирања.

„Дозволувате бродови да одат во Израел и бесрамно го нарекувате трговија. Вие сте соучесник на Израел“, рече Битмез во говорот откако постави транспарент на подиумот на кој пишува „Убиец Израел; соработник на АКП“.

– Имате крв на Палестинци на вашите раце, вие сте соработници. Вие придонесувате за секоја бомба што Израел ќе ја фрли врз Газа, им рече тој на пратениците за време на дебатата за буџетот за 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ги терал да питачат: Татко осомничен за…

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за…

Главното прашање на овие избори е европската…

Главното прашање на овие избори е европската…

(Фото) Министерката Бисера Костадиновска Стојчевска дојде пред…

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска дојде…

НОВИ ВИДЕА: СТРАШЕН ПОЖАР ВО УНИВЕРЗАЛНА САЛА!

Страшен пожар беснее во Универзална сала! Противпожарни…

(Видео) ГОРИ УНИВЕРЗАЛНА САЛА!

Гори Универзална сала, информираат од ЦУК. На…