Објавено на:

Турција произведе своја „Челична купола“ – според Ердоган ова е пресвртница во безбедноста на земјата

t

Системот беше најавен минатата година во август, и во него се интегрирани локално развиени ракетни батерии, радари, електрооптички сензори, комуникациски модули и командни и контролни центри.

Пресцвртница за турската држава и нејзината одбрана, го нарече претседателот Реџеп Таип Ердоган првиот систем за противвоздушна одбрана произведен во неговата земја, познат како „Челична купола“.

„Денес ја снабдуваме нашата армија со системот ‘Челична купола’, што се состои од 47 возила во вредност од 460 милиони долари, што ќе изгради доверба меѓу сојузниците и ќе всади страв кај противниците“,рече Ердоган вчера на церемонија во Анкара.

Системот беше најавен минатата година во август, и во него се интегрирани локално развиени ракетни батерии, радари, електрооптички сензори, комуникациски модули и командни и контролни центри.

Испораката вклучува системи за воздушна одбрана „Хисар О 100“ и „Сипер“, радарски системи „Алп 300-Г“ и „Алп 100-Г“, системи за електронско војување „Пуху“ и „Редет“ и возила за воздушна одбрана со краток дострел „Коркут“.

Со оваа „Челична купола“ Турција се трансформира од земја што во голема мера се потпира на странска опрема во земја каде што домашните системи претежно ги задоволуваат потребите на нејзината одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција произведе своја „Челична купола“ – според…

Системот беше најавен минатата година во август,…

По тридневен штрајк во ЈП за ПУП…

ПО ТРИДНЕВНИОТ ШТРАЈК НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈП…

Од 2026 пешаците ако зборуваат на мобилен…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави…

Сијарто: Европските политичари се најжестоките противници на…

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто…

Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица:…

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, по повод…