По тридневен штрајк во ЈП за ПУП Прилеп, вработените добија исплата на нивните плати

t

ПО ТРИДНЕВНИОТ ШТРАЈК НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈП за ПУП ПРИЛЕП РЕДОВНА ИСПЛАТА НА НИВНИТЕ ПЛАТИ, пишуваат од Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ).

Поради нередовната исплата на платите вработените во ЈП за ПУП Прилеп во периодот од 25.08.2025 година до 27.08.2025 година стапија во штрајк.

Причината за нередовната исплата на плати во претпријатието кое помеѓу другите дејности врши и превоз на ученици е милионските долгови кои ги имаат средните училишта од Прилеп кон претпријатието за извршени услуги за превоз на ученици.

Штрајкот е прекинат денес 28.08.2025 година по постигнатиот договор помеѓу единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности СУТКОЗ и директорот на претпријатието со кој согласно претходно потпишаната спогодба додатоците на плата стануваат составен дел на бруто платата на вработените и исплатата на платите да биде во законски предвидениот рок., стои во соопштението на ССМ

Претходно од СДСМ – Прилеп реагираа дека заради неодговорнота на моменталниот градоначалник, жителите на градот останале без јавен градски превоз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…

Извршниот комитет на Движењето за силата на…