Туск: Полска е најблиску до отворен конфликт од Втората светска војна
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека неговата земја е многу близу до вооружен конфликт, всушност најблиску од Втората светска војна наваму, пренесе „Скај њуз“.
Тој соопшти дека Полска побарала активирање на Член 4 од НАТО и нагласи дека земјата очекува поконкретни чекори, а не само декларативна поддршка и изрази на солидарност.
Членот 4 на Северноатлантската алијанса овозможува секоја земја-членка да покрене дискусија за безбедносна закана во рамките на блокот, но тоа не значи и автоматска воена интервенција.
Туск информираше дека во текот на изминатата ноќ биле забележани 19 прекршувања на полскиот воздушен простор, од кои четири дронови биле соборени.
Според него, значителен дел од леталата пристигнале од правец на Белорусија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…
Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…
Католичката црква е позната по строгите правила…
Трамп прави петчасовен систематски преглед
Доналд Трамп, кој на 78 години стана…