Брижит Макрон и Доналд Трамп не го испочитуваа кодексот на облекување на погребот на папата Франциск
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика низа на критики откако не го испоччитува пропишаниот кодекс на облекување на погребот на папата Франциск во Ватикан.
Брижит (72), му се придружи на својот сопруг, францускиот претседател Емануел Макрон, како и на светските лидери, свештеници и владетели на плоштадот „Свети Петар“, каде што денес се одржа погребот на папата Франциск.
Додека од мажите на погребот било побарано да носат темно одело со долга црна вратоврска и бела кошула, на жените им била понудена опција да носат скромен црн фустан до колена или формален црн костум.
Исто така, според кодексот за облекување за погребот на папата, жените морале да носат црн шал, марама или превез – како што тоа го направија Меланија Трамп, кралицата Летиција од Шпанија, поранешната прва дама на САД Џил Бајден и принцезата Мете-Марит од Норвешка.
Сепак, Бриџит и покрај пропишаниот кодекс на облекување, одлучи да не ја покрие главата.
Слично на тоа, ниту сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена Зеленска, ниту италијанската премиерка Џорџа Мелони, кој носеше црно одело, не носеа црни превези за време на службата во базиликата „Свети Петар“.
Освен правилото за покривање на главата, сите три дами се придржуваа до другите упатства за облекување издадени од Ватикан за да обезбедат достоинствено присуство на погребот на папата, кој почина на Велигден.
Критикуван беше и Доналд Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, се соочи со низа критики за изборот на темносино одело за погребот, иако од сите се очекуваше да носат црно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…