Уапсени маж и жена од Кочани, во домот им била пронајдена дрога

t

МВР информира дека се лишени двајца сопружници од Кочани во чиј дом е пронајдена дрога. Уапсен е и велешанец кај кого се пронајдени дрога и пари.

-На 16.10.2026 во 09:45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода А.М.(28) и неговата сопруга А.Џ.(31) од Кочани. Претходно, полициските службеници со наредба од суд извршиле претрес во домот на А.М. при што е пронајдено и одземено пакување кафеава прашкаста материја. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава, наведува МВР.

Вчера, во 14:00 часот, во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишииле од слобода и Т.М.(53) од Велес откако при претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пари и телефон. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени маж и жена од Кочани, во…

МВР информира дека се лишени двајца сопружници…

27-годишна скопјанка повеќе од еден месец била…

27-годишна девојка пријавила дека повеќе од еден…

Пијан маж ја нападнал сопствената мајка во…

На ден 16.10.2026 во 18:40 часот на…

Оружје и голема количина кокаин најдени во…

Вчера во периодот од 15:00 до 16:30…

За шест часа санкциониран 541 возач за…

Вкупно 541 прекршок за управување возило со…