Уапсени четири лица за детска порнографија во акција на Европол и полициите на Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Хрватска

t

Во акција на полицијата на Република Српска, во соработка со Европол и полициите во Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Хрватска, уапсени се четири лица под сомнение дека сториле кривично дело „искористување деца за порнографија“.

Операцијата „Мозаик 2026“ беше насочена кон откривање и спречување на сексуална злоупотреба и експлоатација на деца на интернет, а особено на кривични дела поврзани со детска порнографија.

Во соопштението од Министерството за внатрешни работи на Република Српска се наведува дека операцијата е спроведена врз основа на наредби од надлежни судови. Извршени се претреси на пет локации што ги користеле осомничените, при што се одземени мобилни телефони, лаптопи, УСБ-мемории, мемориски картички, СИМ-картички и други уреди за дигитално складирање, како и други предмети што е можно да се поврзани со извршувањето на кривичните дела.

Уапсените лица се сомничат дека, во одреден временски период, преку социјалните мрежи споделувале и разменувале материјали што прикажуваат сексуална злоупотреба и експлоатација на деца. Исто така, постојат сомневања дека тие стапувале во контакт со деца, им испраќале фотографии и ги наведувале да создаваат детска порнографија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени четири лица за детска порнографија во…

Во акција на полицијата на Република Српска,…

Вучиќ: „Ќе се обидат да ме убијат,…

Александар Вучиќ денеска изјави дека новата власт…

Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…

Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…

Руската разузнавачка служба тврди дека Брисел сака…

Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) објави…

Се урна воен авион на Војската на…

Во близина на населените места Нова и…