Уапсен вработен во Основен суд во Гостивар – понудил за 100 евра да избрише судска казна од 200 евра
На 20.01.2026 во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово и Ростуше, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.
Според пријавеното од Н.А. од село Калиште, општина Врапчиште, А.Ј. – вработен во Основен суд Гостивар, го контактирал неговиот пријател С.М. од Гостивар и му понудил за сума од 100 евра да избрише судска казна од 200 евра и забрана за управување со возило од шест месеци, тврдејќи дека документите пристигнале кај него за извршување и дека може да му заврши работа. Како што е пријавено, Н.А. во име на неговиот другар го побарал А.Ј. и договориле средба во угостителски објект во Гостивар, а откако се сретнале го информирал дека е новинар и дека снима, по што А.Ј. се обидел да се оправда дека се шегува и се обидел да побегне.
А.Ј. е задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возел со 1.8 промили алкохол во крвта…
На 03.08.2025 во 21.50 часот на булевар…
Вработен во ЕВН нападнат во Сарај
Вработен во ЕВН Македонија бил нападнат во…
Кривична пријава за несовесно работење и фалсификување…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Вработен во Идризово физички нападнал колега на…
Вработен во затворот Идризово го нападнал неговиот…
Истепан вработен во ЕВН во Глумово
Во текот на вчерашниот ден во 15.00…