Уапсен дилер од Скопје: Пронајдени гранки, семки и лисја од канабис

t

Скопската полиција фати дилер, кај кого биле пронајдени повеќе пакувања дрога, информираат од МВР.

Според информациите, вчера 17.45 часот во Скопје, полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога и оружје во Одделот за криминалистичка полиција при МВР и од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.С.(41) од Скопје.

При претрес во неговиот дом ,извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе пакувања со гранки и лисја од растението канабис, семки од канабис и едно пакување со густа црна материја.

-Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен крадец: Преку балкони влегувал во станови…

Денеска (22.07.2024) од страна на полициски службеници…

Засилено полициско присуство во Скопје

Во текот на изминатата вечер (19/20.07.2024) во…

Повеќе од 12 часа делови од Скопје…

Повеќе од 12 часа делови од Скопје,…

Три каснувања од кучиња скитници во Скопје…

Три каснувања од кучиња скитници се пријавени…