Уапсен косовец на „Блаце“, се обидел да поткупи полицаец за 10 евра
Синоќа околу 19.30 часот на Граничен премин Долно Блаце, при влез во државата е уапсен 51-годишниот Ш.Б. од Косово поради обид да поткупи полицаец.
„Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, кое го управувал и во патната исправа ставил банкнота од 10 евра. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
40 повредени од кои седуммина на респиратор…
Вкупно 40 лица повредени во големиот пожар…
Шест активни пожари низ Македонија, два под…
На ден 14.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Град Скопје: На 18 август ќе спроведе…
Скопје на 18 август ќе спроведе терестрична…
СЗО: Повеќе од четири напади дневно врз…
Повеќе од 900 напади врз здравствени установи,…
Маж подолг период вршел физичко насилство на…
Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од…