Уапсен крадец: Преку балкони влегувал во станови во Скопје
Денеска (22.07.2024) од страна на полициски службеници од ОКР Центар-Бит Пазар при СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка против Г.В. (21) од Штип во врска со три кривични дела, од кои едно „тешка кражба на дрзок начин” и две „тешки кражби во обид”. Г.В. кривичните дела ги извршил влегувајќи во станови во Скопје преку балконите, и тоа на 15.07.2024, на 20.07.2024 и на 21.07.2024, по што е лишен од слобода во ПС ОН Центар.
Денеска (22.07.2024) лицето е изведено пред судија на претходна постапка во Основен кривичен суд Скопје, кој му одредил мерка притвор во траење од осум денови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…