Уапсен Македонец кој ограбувал обложувалници и пошти низ Србија
Полицијата во Краљево стави крај на серија тешки грабежи со апсењето на В.Г. (42), државјанин на Република Македонија, кој се сомничи дека подолг период извршувал разбојништва во објекти со голем промет на пари.
Според информациите од српското Министерство за внатрешни работи, осомничениот со закана со оружје ограбувал обложувалници и поштенски филијали во Краљево, при што успеал да одземе значителна парична сума. Начинот на извршување бил речиси идентичен во сите случаи – В.Г. влегувал во објектите со фантомка на главата, им се заканувал на вработените со пиштол и барал да му бидат предадени сите пари.
По спроведена оперативна и теренска работа, полицијата го лоцирала и го привела осомничениот. При претрес на станот во кој престојувал биле пронајдени дел од украдените пари во различни апоени, фантомка, како и реплика од пиштол за која се сомнева дека била користена при сите грабежи.
Според проценките на истражните органи, со овие кривични дела била предизвикана штета од над 700.000 српски динари. Осомничениот македонски државјанин е задржан во полициски притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде спроведен пред Основното јавно обвинителство во Краљево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен Македонец кој ограбувал обложувалници и пошти…
Полицијата во Краљево стави крај на серија…
Дачиќ: Не е точно дека властите сакале…
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица…
СДСМ бара одговорност: Како пет тони дрога…
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше…
„Блиц бизнис“: Српските камионџии ќе ги прекинат…
Превозниците во Србија ќе ја прекинат блокадата…
Транспортерите од БиХ и Србија не отстапуваат,…
Протестите на транспортерите од Босна и Херцеговина…