„Блиц бизнис“: Српските камионџии ќе ги прекинат блокадите денес
Превозниците во Србија ќе ја прекинат блокадата на товарните премини денес во 15 часот, неофицијално дознава „Блиц бизнис“. Денес е петтиот ден од блокадата на товарните гранични премини. На оваа одлука ѝ претходеше заеднички состанок меѓу возачите на камиони од Србија и превозниците од Босна и Херцеговина.
Камионџиите во Црна Гора и Македонија ги прекинаа блокадите вчера.
ЕК презентираше нова стратегија за визи, која вклучува предлог што би го решил проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната. Блокадите на возачите на камиони започнаа напладне во понеделник, 26 јануари, а превозниците изјавија дека ќе ги блокираат премините додека не се најде решение за ограничување на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ќе избира претседател на 27 декември:…
Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар…
Вучиќ по апсењето на уредникот на „Информер“:…
Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ синоќа речиси…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Уредникот на Информер ќе биде задржан поради…
Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик и главен уредник…