Уапсен охриѓанец – Се заканувал на странски амбасадор во земјава

t

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје, попладнево го лишиле од слобода Р.Б., со живеалиште во село во охридско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Постапувајќи по пријава од 14 април 2022 година, според која едно лице телефонски упатило закани по животот на амбасадор во странска амбасада во земјава, беа преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, при што е утврден идентитетот на лицето, тоа е најдено и приведено – соопштија од МВР.


Оттаму информираат дека во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, денеска за ова лице е поднесена кривична пријава за кривично дело по член 144 став 3 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи потврди: Има владина одлука за амбасадор…

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи прашан…

Македонија добива нов амбасадор на САД –…

Македонија добива нова амбасадорка на САД, која…

МНР демантира дека ЕУ “ја врати” Теута:…

Министерството за надворешни работи како шпекулации ги…

ЕУ не ја сакаат Теута: Предлогот на…

Прелогот на Владата за амбасадорка во ЕУ,…

“Се спремал за војна”: Кај охриѓанец пронајдени…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Л.(22)…