Објавено на:

УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ СОВЕТНИК НА ЗЕЛЕНСКИ! Работел за Службата за безбедност на Украина, бизнисмен за кој се сомневал дека ги финансирал Русите

t

Артем Шило, поранешен советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, беше уапсен по налог на Врховниот антикорупциски суд под обвинение дека бил дел од група која проневерила 94,7 милиони гривни (2,4 милиони долари).

„Киев пост“ пишува дека членовите на оваа група наплаќале „Укржализнициа“ (Украински железници) за трансформатори по цена која е речиси двојно повисока од реалната цена.

Извори на украинските медиуми наведуваат дека Шило бил уапсен вчера и му е одредена мерка притвор во траење од два месеци со кауција од 30 милиони гривни (770.000 долари).

Се вели дека Националното антикорупциско биро на Украина (НАБУ) објави на Телеграма во вторникот дека заедно со Специјалното антикорупциско обвинителство (САПО) ја откриле оваа корупциска шема.

Киев пост наведува дека Шило освен што бил советник на Зеленски, работел и за Службата за безбедност на Украина.

Се вели дека Јевхен Черниак, шеф на Глобал Спиритс, најголемата холдинг компанија која се занимава со производство на алкохолни пијалоци во Источна Европа, го прославил апсењето на Шило, велејќи дека одобрил неоснована кривична истрага против компанијата осомничена за финансирање на руските војници .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Клучниот удар на Рељиќ во главата…

Македонската теквондиска Милјана Рељиќ забележа неверојатна победа…

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…

Утре нестабилно време со пороен дожд и…

До крајот на денов сончево и топло…

Учебната година ќе започне на 2 септември,…

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска…

19-годишниот Мухамед по потекло од Македонија пред…

Австриската полиција објави дека еден од уапсените…