Учебната година ќе започне на 2 септември, нема да има пролетен распуст за учениците

t

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска информира дека нема да има пролетен распуст за учениците во наредната учебна година. Финалните анкети на родителите покажале дека тие не сакаат, но истото го мислат и повозрасните ученици.

-Оваа година пролетен распуст нема да има, кажа Јаневска во изјава за медиумите, додавајќи дека учебната година ќе започне на 2 септември, понеделник.

На прашањето дали во МОН се разгледува друга можност за краток одмор на учениците, Јаневска вели дека во моментов нема такво нешто.

-Направивме легитимна анкета и граѓаните ги кажаа своите потреби, додаде министерката.

Претходно од МОН објавија анкета за тоа дали е потребно организирање на пролетен распуст.

Со оглед на различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната 2024/2025, министерството испрати прашалник до училиштата, а истиот е достапен и за целата јавност на следниот линк, со цел сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење“, се посочуваше во информацијата на ресорното министерство.

Претходната учебна година, основците и средните училишта од понеделник 29 април до 6 мај беа на пролетен распуст. За прв пат имаше промена и во училишниот календар, па така 2023/2024 година за основците заврши на 17 јуни, додека за средношколците, како и изминатите години, на 10 јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски ученици го освоија првото место на…

Македонски ученици го освоија првото место на…

Малолетник нападнат со метален предмет од тројца…

Во СВР Тетово синоќа бил пријавен случај…

Ученици фрлале со камења кон слоницата во…

Зоо негувателот Виктор вработен во скопската Зоолошка…

Тепачка меѓу соученици во виничко средно училиште

15-годишно дете било нападнато од соученици, информираат…