Уапсен таткото на малолетникот кој пукаше во училиште во Крагуевац – синот осомничен за тешко убиство во обид

t

Српската полиција го уапси 49-годишниот С. М., татко на седумнаесетгодишниот матурант осомничен за вооружениот напад во Првото техничко училиште во Крагуевац, при кој беа повредени две вработени.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека во текот на истрагата било утврдено дека таткото не поседувал дозвола за оружјето што го употребил неговиот син.

Тој е осомничен за недозволено поседување и носење огнено оружје, муниција и експлозивни материјали. Одредено му е полициско задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното јавно обвинителство.

Неговиот малолетен син, пак, е осомничен за кривичното дело тешко убиство во обид. По сослушувањето ќе биде изведен пред судија за малолетници во Вишиот суд во Крагуевац.

Во нападот беа повредени две хигиеничарки, кои според досегашните информации се надвор од животна опасност. Сите ученици биле безбедно евакуирани од училишниот објект.

Истражните органи ги проверуваат и објавите на малолетникот на социјалните мрежи, кои би можеле да бидат поврзани со нападот.

Според српските медиуми, на неговиот профил на Вајбер бил истакнат датумот „24.11“, што предизвикало сомневања дека нападот можеби бил однапред планиран. Овие наводи засега не се официјално потврдени од истражните органи.

Српската полиција соопшти дека претходно не добила предупредувања што би можеле да се поврзат со нападот.

Директорот на училиштето, Немања Јоксимовиќ, изјави дека осомничениот матурант претходно не предизвикувал проблеми во училиштето.

Министерството за образование на Србија формираше кризен штаб и испрати стручен тим во Крагуевац.

Истрагата треба да ги утврди мотивите за нападот, околностите под кои малолетникот дошол до оружјето, како и евентуалната одговорност на неговиот татко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен таткото на малолетникот кој пукаше во…

Српската полиција го уапси 49-годишниот С. М.,…

Нова кривична за таткото и двете ќерки…

ОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против…

Грција бара работници – повеќе од 46.000…

Грција се соочува со сè поизразен недостиг…

Шасивари до Али Ахмети: Јазичните права не…

Министерот за правда, Јетон Шасивари, му одговори…

Мицкоски на средба и со Варнс:Се унапредува…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со…