Уапсен 18-годишник, осомничен за лажна дојава за бомба во тетовската гимназија

t

18-годишник од Тетовско е осомничен за лажна дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело по член 366 од Кривичниот законик, односно за лажна дојава за бомба во општинското средно училиште – гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово“ соопшти МВР.

При претресот е пронајден и одземен еден мобилен телефон, а А.Д. е уапсен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен 18-годишник, осомничен за лажна дојава за…

18-годишник од Тетовско е осомничен за лажна…

56-годишна жена тешко повредена откако била удрена…

Жена од Тетово се здобила со тешки…

Сам се пријави во полиција битолчанецот кој…

МВР информира дека денеска полициски службеници од…

Почина угледниот педагог Никола Петров, творецот на…

На 89-годишна возраст почина професорот и поранешен…

Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и…

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по…