Уапсен 57-годишнен тетовец – нелегално снимал и вознемирувал 18-годишна девојка

t

Педесет и седумгодишен тетовец е лишен од слобода поради тоа што долг период вознемирувал 18-годишна девојка. Тој ја следел и ја снимал со мобилен телефон.

Според информациите од полицијата, завчера околу 12:10 часот на улицата „Јадранска“, полициски службеници го уапсиле Е.И. (57), постапувајќи по претходна пријава од оштетената. Во пријавата било наведено дека мажот континуирано ја следел девојката, ја вознемирувал и ја снимал без нејзина согласност.

Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсена 23-годишна скопјанка – на интернет лажно…

По преземени мерки и активности, на 07.01.2026…

Изгубил контрола врз возилото и удрил во…

На 05.01.2026 во 19:15 часот во СВР…

Приведен е 34-годишен маж од Тетовско –…

Полициски службеници од Полициското одделение Групчин го…

Жена измамена за 8.600 евра со лажно…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(54)…

Охриѓанец го претепал својот 18-годишен син

Ноќеска во 20:10 часот во Охрид, полициски…