Жена измамена за 8.600 евра со лажно посредување за купување куќа во Тетово
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(54) од Тетово, М.Ф.(29) од с.Долно Количани, општина Студеничани, И.А.(54) од с.Шемшево, општина Јегуновце и З.З.(48) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.
Прво и второпријавениот со лажно прикажување на факти во декември 2024 година измамиле жена на тој начин што и ветиле дека ќе и посредуваат да купи куќа во Тетово, сопственост на нивни роднини за сума од 135.000 евра. Таа во два наврати им платила 8.600 евра, а во март 2025 година откако увидела дека куќата е во сопственост на друго лице и се обидела случајот да го пријави во полиција, но била одвратена во намерата од третопријавениот.
По ова, третопријавениот за целиот настан го запознал четвртопријавениот и по извесен период тие и вратиле 5.100 евра, а останатите ги задржале за себе и ја блокирале на социјалните мрежи, оневозможувајќи и да стапи во контакт со нив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…
Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…
Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…
Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…
Маж од Тетовско две години ѝ барал…
Маж од Тетовско две одини ја уценувал…
Му побарале уплата на шалтер, тој го…
Инцидент се случил во Клиничката болница во…