Објавено на:

УЕФА до Инфантино: Поднеси оставка или ќе ние ќе те смениме

t

Европската фудбалска унија (УЕФА) му постави ултиматум на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Или тој доброволно ќе поднесе оставка, или 55-те европски федерации ќе покренат гласање за недоверба и ќе се обидат да го сменат од функцијата.

Според ексклузивни информации од британскиот весник The Telegraph, сите членки на УЕФА се подготвени да гласаат против Инфантино ако тој одбие да поднесе оставка.

УЕФА може да побара вонреден конгрес на ФИФА веќе со 43 национални асоцијации, а со 55 членки, има повеќе од доволно моќ да го започне тој процес.

Драматичниот потег доаѓа само еден ден откако Инфантино беше принуден да го повлече својот контроверзен план за продажба на удел во комерцијалните права на Светското првенство и другите натпреварувања на ФИФА на приватни инвеститори.

Планот, проценет на околу 15 милијарди фунти, наиде на жесток отпор низ целиот фудбалски свет, од УЕФА, преку КОНКАКАФ и АФЦ, до одредени високи функционери во самата ФИФА.

Во соопштение објавено во сабота наутро, УЕФА соопшти дека ја изгубила довербата во сегашното раководство на ФИФА.

„Не можеме повеќе да продолжиме вака, со брзорастечки тајни шеми измислени од неименувани лица и сомнителни придобивки за играта. Мора да ги идентификуваме одговорните и да ги повикаме на одговорност“, се вели во соопштението.

УЕФА додаде дека „ниту една опција не треба да се исклучи“ и дека задачата за обнова на довербата во ФИФА штотуку започнала.

Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија веднаш ја поддржа позицијата на УЕФА, повикувајќи на темелна ревизија на раководството и управувањето со светската фудбалска организација.

Тензиите меѓу УЕФА и Инфантино постојат со години, околу проширувањето на Светското првенство, финансиската политика и влијанието на политиката врз фудбалот. Како капак на сѐ дојде и веста од британски The Times дека со новиот бизнис план Инфантино планирал да си обезбеди годишна плата од дури 30 милиони долари, со дополнителни високи бонуси. Овој отворен ултиматум претставува досега најдиректен напад врз неговата позиција.

Инфантино е на чело на ФИФА од 2016 година и до неодамна изгледаше незагрозен, но пропаѓањето на планот за приватизација и обединетиот европски фронт ја создадоа најголемата криза во неговото владеење.

Останува да се види дали претседателот на ФИФА ќе го прифати барањето за оставка или ќе одлучи за отворен конфликт со европскиот фудбал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…