УКИМ ги отвора уписите: идните студенти ќе се пријавуваат во три рокови

t

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за академската 2026/2027 година.

Идните студенти ќе можат да се пријават во три уписни рокови, а од Универзитетот ги повикуваат кандидатите навреме да ја подготват потребната документација и да ги следат објавените датуми.

Првиот рок е во август

Првиот уписен рок е предвиден за 18 и 19 август 2026 година.

Вториот рок ќе се одржи на 10 и 11 септември, додека третиот уписен рок е закажан за 23 септември.

Од УКИМ информираат дека прелиминарните ранг-листи со резултатите од успехот во средното образование ќе бидат објавени на 24 август за првиот уписен рок и на 15 септември за вториот уписен рок.

Конкурсот ги содржи условите и слободните места

Во конкурсот кандидатите можат да ги најдат сите информации поврзани со условите за запишување, потребната документација и бројот на слободни места на секој од факултетите во рамки на Универзитетот.

Од Универзитетот апелираат заинтересираните кандидати навреме да ги проверат условите и да ги следат роковите за пријавување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УКИМ ги отвора уписите: идните студенти ќе…

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го објави…

Германски неонацист кој тврди дека е жена,…

Откако беше осуден на затвор, десничарскиот екстремист…

Уапсен 41-годишен скопјанец поради обљуба на 32-годишна…

МВР информира дека рано утринава во 00:20…

(Видео) Апокалиптични сцени од Москва

Видеа што личат на сцени од апокалиптични…

Идниот британски премиер планира ново дупчење на…

Новиот лидер на Лабуристите, Енди Бернам, ќе…