УКИМ одбиле магистерка од Манчестер со образложение дека не знае англиски јазик

t

Државата за 7-8 години вложи милиони евра во студенти од Македонија, кои се образуваат во првите сто универзитети во светот. Од нив ниту еден не работи на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, тврди Атанас Кочов од Машинскиот факултет, еден од кандидатите за нов ректор на УКИМ.

Ќерка ми студираше и магистрираше во Манчестер (Велика Британија), сега и ќе докторира, а живее и работи во Македонија. Неколку години работи во приватна фирма. Од УКИМ беше одбиена за работа со образложение дека не знае англиски јазик. Тоа стои и во билтенот, дека нема потврда за познавање на англиски јазик, а магистрираше и ќе докторира во Манчестер, дури и е асистент и предавач во Манчестер, вели професорот.

Тоа што државата го инвестира, тие деца имаат направено мрежа, тие деца имаат контакти, но за жал, најголем дел од нив се останати во странство, рекол Кочов во „Стадион“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаосот во Белград се уште трае –…

Поголемиот дел од сообраќајните блокади низ Белград…

Рама: Никогаш не сме биле поблиску до…

Албанскиот премиер Еди Рама, од Скопје каде…

Вeнс: Ерата на американската доминација во светот…

„Американските лидери по Студената војна претпоставуваа дека…

Рама и Ахмети си направија „да пукне“:…

Во еден скопски хотел, во рамките на…

Три автобуси и едно комбе опожарени во…

Tри автобуси и едно комбе на приватна…