Објавено на:

Харадинај: Секој што ќе ги загрози американските војници е непријател на Косово

t

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај порача дека секој што ги загрозува американските војници во Косово е против Косово и ќе биде третиран како негов непријател, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај на својата страница на Фејсбук напиша дека, и покрај тоа што поединците кои може да ги загрозат американските војници, кои се дел од мисијата на НАТО во земјата, КФОР, може да имаат државни функции, тие ќе бидат испратени во затвор или ќе ја напуштат земјата.

„Секој што ги загрозува американските војници во Косово не му припаѓа на Косово, ниту ќе му припаѓа на Косово. Тој е само против Косово. И како непријател на Косово ќе се третира! Затоа, или ќе биде во затвор или ќе бега и ќе се крие од Косово! Без разлика која националност и каква должност има, тој-таа-тие ќе бидат казнети! Сите вие кои имате државна одговорност, доколку се најдете себеси во ова, по (дури и јавната) американска молба до Владата на Косово, знајте дека нема да ја имате заштитата на наметката што ве покрива привремено“, порача Харадинај.

Реакцијата на опозицискиот лидер и поранешен косовски премиер уследи по изјавата на американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, кој во денешното интервју за Радио слободна Европа (РСЕ) рече дека постои реална опасност поврзана со отворањето на мостот во Митровица во овој момент, што може да влијае на безбедноста на војниците на НАТО, вклучително и на американските.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…