Укинат притворот за шестмината обвинети за инцидентот во М-НАВ!

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска доставил предлози за укинување на мерките за обезбедување присуство, односно мерките притвор и куќен притвор, за 6 лица осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст. 2 вв со чл. 22, а поврзани со случувањата од 4 – ти јануари во М-НАВ, и определување на мерки за претпазливост, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.

– Постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител, а ценејќи ги приложените факти, судиите на претходна постапка, го прифатија предлогот на Јавниот обвинител и донесоа решенија со кои за А.О., Р.Б. и Љ.Ќ. ја укинаа мерката куќен притвор, додека за С.Ш., О.А. и Е.С. ја укинаа мерката притвор  и им определија мерки за претпазливост од чл. 146 ст.1 т.1,2.3 и 6 односно, Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Обврска обвинетиот да се јавува во судот и Забрана за приближување или воспоставување врска со одредени лица, се појаснува во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Против овие решенија, се наведува во соопштението, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд.

Упадот се случи на 4 јануари веднаш по прес-конференцијата на претседателот на ССКЛ на која тој информираше дека контролори на летање и нивни помошници во М-НАВ се очекува да поднесат оставки од раководните позиции, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција. Претходно оставки поднесоа инженери од раководни инструкторски места поради селекцијата на кандидати на огласот. Раководството на М-НАВ тогаш ги отфрли обвинувањата и информираше дека се вработени двајца инженери и еден техничар, а поради неуреден статус во Агенцијата за вработување иако биле задоволени критериумте на М-НАВ не се вработени уште тројца инженери и еден техничар. Тасевски на прес-конференцијата информираше и дека телефонски бил повикан во Секторот за насилен криминал при Министерството за внатрешни работи и му била презентирна пријава од директорите во М-НАВ, Фахрудин Хамиди и Хасим Деари. Пријавата била врз база на доставена електронска порака поради „наводно чувствување загрозеност на нивната животна сигурност“ по член 144 став два од Кривичниот законик, а Тасевски ги отфрли наводите оценувајќи ги како како притисок и заплашување.

Еден ден по упадот во институцијата претседателот на Управниот одбор и извршен директор во М-НАВ, Фахрудин Хамиди, на прес-конференција рече дека се работи за „немил настан“ и „конфликт и кошкање помеѓу двајца колеги“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинетите за хаосот во М-НАВ добија условни…

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…

Обвинителството ја проверува и отфрлената претставка за…

Меѓу списите кои ги проверува обвинителството во…