Украина го употреби рaкетниот систем Ураган во близина на Крим

t

Украинската армија изведе вежби со повеќецевни ракетни фрлачи „Ураган“ во близина на границата со Крим, соопшти прес-службата на Здружената команда на вооружените сили на Украина.

Како што се прецизира, единиците на ракетната артилерија, подредени на командата на Здружените сили на украинската армија, го извршиле распоредувањето на позициите за гаѓање, нападот и гаѓањето на условниот противник.

„Теренската обука за координација на екипажот на повеќецевните ракетни системи „Ураган“ се одржа во услови што е можно поблиску до борба, недалеку од административната граница со привремено окупираната територија на Крим“, соопшти прес-службата во изјава.

Според командантот на Здружените сили на украинската армија, генерал-полковник Сергеј Наев, ваквата обука развива одреден алгоритам на воени активности.

„Ова се однесува и на борбена работа на позицијата при пукање, на издавање наредби за отворање оган, како и активности при реализација на внатрешниот позиционен маневар и напуштање на огнената позиција“, појасни тој.

Да потсетиме, украинската армија кон крајот на јануари изврши тактичко-специјална обука за артилериските единици на хаубици „Мста Б“ во областа Керсон недалеку од границата со Крим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адмирал на НАТО за Украина: Лошиот мир…

Претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал…

Украинските сили за противвоздушна одбрана пресретнале 65…

Од Украинските сили за противвоздушна одбрана информираа…

Зеленски: Украина нема да ја признае американската…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Телата на 909 загинати војници се вратени…

Телата на 909 загинати војници се вратени…

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…