Објавено на:

Украина потврди дека спроведува „офанзивни акции“ кај Бахмут

t

Украина потврди дека спроведува „офанзивни акции“ на делови од фронтот и соопшти дека постигнала напредок во близина на разурнатиот источен град Бахмут, истовремено намалувајќи го обемот на нападот што Москва тврди дека го одбила.

Одбранбената операција (на Украина) вклучува контраофанзивни акции. Затоа, спроведуваме офанзивни дејствија во некои сектори. Секторот на Бахмут останува епицентар на непријателствата. Напредуваме на прилично голем фронт. Постигнуваме успех и ги заземаме брдата. Непријателот е во дефанзива, напиша на Телеграм заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар.

Русија претходно соопшти дека одбила офанзива од големи размери на истокот и југот на Украина, како и дека им нанела големи загуби на Украинците во војници и опрема.

Киев со месеци подготвува голема контраофанзива, чија цел е да ги истисне руските војници од зоните што ги окупираа. Сепак, украинските власти предупредија дека нема да откријат ништо за нивните планови или датуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…

Украина најде одговор за рускиот Орешник?

Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Трамп номинираше противник на воената помош за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…

Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…