Украина: „Русија не постигна ниту една воена цел“
Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Георгиј Тихи, изјави денеска дека Русија, во текот на повеќе од четири години инвазија од големи размери, нема постигнато ниту една цел, изгубила 1,3 милиони луѓе, а руското напредување е целосно запрено.
Според неговите зборови, тврдењата на Кремљ за наводно неизбежната победа се во спротивност со реалната состојба на фронтот, пренесува независната украинска новинска агенција РБК.
„Москва покрена агресивна војна очекувајќи брз успех, но во текот на петтата година од непријателствата претрпе огромни загуби. Велат дека се на прагот на воена победа, но реалноста е дека немаат постигнато никакви цели и изгубија 1,3 милиони луѓе за повеќе од четири години“, рече Тихи и додаде дека украинските борци целосно ги блокирале руските обиди за напредување на бојното поле.
Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи додаде дека војната полека се враќа во Руската Федерација.
„Вашето бавно напредување е запрено и војната се враќа на вашата територија“, порача Тихи на социјалната мрежа „Х“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина: „Русија не постигна ниту една воена…
Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи,…
ЕУ ја исплати првата транша од новиот…
Европската Унија ја исплати првата транша од…
Трамп: „Храбриот“ Зеленски „се справува доста добро“…
Американскиот претседател Доналд Трамп јавно го пофали…
Путин е подготвен за мировни преговори по…
Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена…
Обединетото Кралство развива ракети со долг дострел…
Велика Британија започна програма за развој на…