Објавено на:

Украинската армија тврди дека ја држи контролата над Часов Јар и покрај руските напади

t

Градот Часов Јар во источна Украина останува под украинска контрола и покрај обидите на руските сили да го освојат, соопшти украинската војска, пренесува ДПА.

„Часов Јар се држи. Непријателот врши притисок, но ситуацијата е под контрола, нема руски војници во градот“, изјави денеска портпаролот на локалните украински трупи, Назар Волошин.

Волошин, исто така, рече дека руските копнени сили неуспешно се обиделе да напредуваат со артилериска поддршка.

Се верува дека по заземањето на Богдановка, следна цел на руската армија е Часов Јар, кој е одалечен само неколку километри од линијата на фронтот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред само неколку дена го посети Часов Јар и изврши увид во неговата одбрана, потсетува ДПА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…