Украински дронови го запреа авионскиот сообраќај во Москва

t

Украина  привремено го парализираше воздушниот сообраќај во руската престолнина со напади со беспилотни летала врз Москва, запирајќи стотици летови пред почетокот на празниците, објавија руските власти.

На аеродромите Шереметјево и Внуково, полетувањата и слетувањата не беа можни со часови, соопшти портпаролот на Администрацијата за воздухопловство.

Руската државна новинска агенција „Риа Новости“ објави дека повеќе од 300 летови морале да бидат откажани или одложени, а околу 70 авиони биле пренасочени кон алтернативни аеродроми.

Другите два московски аеродроми, Домодедово и Жуковски, не се соочиле со овој проблем.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, претходно објави за пресретнување на невообичаено голем број украински беспилотни летала, околу 30 од нив. Руското Министерство за одбрана пак објави дека биле соборени вкупно 273  беспилотни летала во земјата, без да даде информации за штетите.

Авиокомпаниите, исто така, ги информираа патниците за промените во распоредот на летови во Санкт Петербург и други градови.

Државната авиокомпанија „Аерофлот“ објави дека се очекува авионите што биле на алтернативни аеродроми да слетаат во Москва во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински дронови го запреа авионскиот сообраќај во…

Украина  привремено го парализираше воздушниот сообраќај во…

Левица: Со предлог измените на КЗ не…

„Со предлог измените на Кривичниот законик што…

Од силен ветер падна парче лим од…

Од силниот ветер, претпладнево падна дел од…

Трендафилов: Срамно е да се фалите со…

Во гостување на Радио Слободна Европа, Слободан…