Од силен ветер падна парче лим од покрив на зграда во центарот на Куманово
Од силниот ветер, претпладнево падна дел од покрив на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово. Покривот падна од зграда, лоцирана во близина на крстосницата на улицата „Гоце Делчев“ и булеварот „Трета Македонска ударна бригада“.
Од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово информираа дека ги известиле општината и полицијата.
Сообраќајот го регулира СВР Куманово, додека екипи на „Чистота и зеленило“ ги отстрануваат парчињата од лимениот покрив.
– Со наша механизација се расчистува лимениот покрив, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Сашо Томиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Пензионерска“ тепачка во Куманово – едниот во…
Во несекојдневна тепачка меѓу двајца „ветерани“, на…
Двегодишно дете се затруло со лекови во…
Уште еден случај на затруено дете во…
(Видео) Во Куманово се одржа собир за…
Голем број граѓани денеска се собраа во…
Сончево со умерена облачност и силен ветер…
Сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен,…
Метео: Дожд и силен ветер над 70…
Под влијание на циклонска активност ќе има…