Објавено на:

Украински пратеник: ВОЈНАТА МОЖЕШЕ ДА ЗАВРШИ МИНАТАТА ПРОЛЕТ, да не беше Борис Џонсон

t

Конфликтот во Украина можеше да заврши пролетта минатата година доколку Киев прифатеше неутрален статус, изјави лидерот на фракцијата на владејачката партија „Слуга на народот“ (партијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски) во парламентот Давид Арахамија.


Според него, Русија за време на преговорите побарала од Украина да прифати неутрален статус.
„Тоа беше најважното нешто за нив: тие беа подготвени да ја прекинат војната ако прифатиме неутралност, како што тоа некогаш го правеше Финска. И ако се обврземе да не влеземе во НАТО. Тоа е главното“, изјави Арахамија, пренесува украинскиот портал „Страна“.


На прашањето зошто Киев се откажа од прекинот на конфликтот, Арахамија одговори дека поранешниот британски премиер Борис Џонсон влијаел на таа одлука.
„Борис Џонсон пристигна во Киев во тоа време и рече: Нема да потпишеме ништо со Русите, едноставно да одиме во војна“, рече Арахамија.

Порталот наведува дека медиумите претходно објавија дека Киев се откажал од потпишувањето на договорот минатата пролет по преговорите со Џонсон, а сега тоа практично го потврди и Арахами.
Да потсетиме дека руско-украинските преговори се водеа во Истанбул пролетта 2022 година, а Арахамија беше член на украинската делегација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска бара земјите од ЕУ да ја…

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…

Зеленски: Подготвуваме уште четири нови безбедносни договори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека…

Кремљ го поздрави ставот на Зеленски за…

Русија денеска позитивно одговори на коментарите на…

Кој е наследникот на Ескобар? Александар Касанов…

Стејт департментот објави дека новиот заменик-помошник секретар…

Трамп му вети на Зеленски дека ќе…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа во…